| четврток, 6 декември 2018 |

Телекомуникациските оператори Вип и Оне ќе се спојат

телеком

Телеком Австрија Групацијата договори спојување на својата подружница Вип оператор со Оне во Македонија

Телеком Австрија Групацијата ќе поседува 55 отсто удел во компанијата и ќе има целосна контрола врз новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словеније ќе задржи 45 отсто. Договорот, исто така, вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словенија од заедничкото вложување во рок од три години од затворањето на спојувањето. Затворањето на трансакцијата, меѓу другото, е предмет на потврда после спроведена детална анализа на Оне, што се очекува да биде финализирано до средината на ноември, кога и ќе бидат објавени повеќе информации. Исто така, спојувањето е предмет на одобрување од страна  на надлежните институции во Република Македонија и се очекува затворање на трансакцијата во првиот квартал од 2015 година. 

Телеком Австрија Групацијата нуди мобилни услуги во Република Македонија преку својата подружница Вип оператор од 2007 година. Со пазарен удел од 28.1 отсто и околу 630.000 корисници на крајот на 2013 година. Вип оператор е втор по големина мобилен оператор во земјата. Приходите изнесуваа 65 милиони евра, а ЕБИТДА 14,7 милиони евра. Со купувањето на Близу Македонија во јули годинава, Телеком Австрија Групацијата исто така нуди и фиксни услуги на македонскиот пазар.

Оне е третиот по големина мобилен оператор во Република Македонија, со пазарен удел од 23.6 отсто и корисничка база од околу 528,000 корисници на 31 декември 2013 година.
Во 2013година. Оне достигна приходи од 75.5 милиони евра и заработка пред камати, даноци, амортизација и депресијација (ЕБИТДА) од 14.4 милиони евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top