| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на македонскиот скулптор Александар Ефтимовски

unnamed

На 29. октомври, среда, со почеток во 20 часот во музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата на скулптури „Simplum Lapidem” на академскиот скулптор Александар Ефтимовски. На оваа изложба, тој ќе се претстави со 15 дела во галериски формат изработени во камен.

Македонски скулптор кој има организирано неколку самостојни изложби во Германија и Словенија, како и земено учество во многу групни изложби и симпозиуми за скулптура ширум Европа.

Каменот како материјал, неговата структура, текстура и боја, од секогаш го импресионирале авторот. Обликот на делата, тој ја одредува според првобитната форма на каменот и неговото моментално расположение и инспирација. Делата, на некој начин, од нивната првобитна форма се филтрираат преку неговите идеи во нивниот моментален облик. Тие се апстрактни и се окарактеризирани со едноставни овални и геометриски форми.

Силен впечаток му оставаат римските архолошки наоѓалишта изградени комплетно од камен во регионот на Андалузија – Шпанија, па и затоа името на оваа изложба го дава на латински јазик. Му се допаѓа таа традиција на обработка на каменот на која и комплетно и се посветува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top