| четврток, 6 декември 2018 |

Атлетико нема пари, Лазаров си заминува?

Kапитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров го очекува бурен период, по најавите од неговиот клуб Атлетико Мадрид дека ќе го намалува буџетот. Шпанија е во криза, која ја чувствува и актуелниот европски вицешампион Атлетико. Битката за титулата во националниот шампионат е веќе загубена, додека во групата од ЛШ со многу мака се стигна до третото место. Веќе си замина и директор на клубот, Луис Михел Лопез. Тој негираше дека Атлетико би можел да доживее банкрот, но потврди дека тимот во следната сезона ќе биде уште послаб во однос на сегашниот.

– Шпанија се наоѓа во криза и сите клубови ќе мора да се адаптираат на ситуацијата. Гарантирам дека овој клуб нема да исчезне од ракометната мапа, но доколку очекувате повторно да конкурира за највисок пласман, сметам дека тоа нема да биде возможно. Буџетот ќе ни биде помал, што ќе ни биде прачка да плаќаме скапи играчи и да атакуваме сериозно на нови трофеи – изјави за „Ројтерс“ Лопез.

Лазаров има договор со клубот од Мадрид до јуни 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top