Ви претставуваме 7 намирници кои можете да ги јадете, а притоа да не мислите на килограмите.
КЕФИР
Кралот на ферментираните млечни производи, кефиот е полн со пробиотици кои ќе направат вашиот дигестивен систем подобро да функционира, а со самото тоа полесно ќе ги загубите килограмите. Киселите краставички и киселиот зеленчук го имаат истиот ефект.
ЈАЈЦА
Јајцата се полни со белковини кои се од суштинско значење за мускулите и кои телото брзо ги троши, а не се наталожуваат во вид на масти. Од јајцата нема да се здебелите.
ЛОСОС
Оваа мрсна риба е фаворит помеѓу холивудските ѕвезди и манекенки затоа што брзо дава чувство на ситост, а притоа е богата со омега 3 масни киселини. Овие киселини не само што се добри за слабеење туку и за срцето, зглобовите и за мозокот. Тука се и омега 6 масните киселини, така што пожелно е лососот да го имате почесто на мени.
КЕЉ
Билката со дебели зелени листови претставува неизбежна намирница во секоја диета. Кељот е алкална намирница, што значи дека ја намалува киселоста во организмот, а притоа е богат со влакна, кои се многу важни во процесот на слабеење. Кељот содржни и многу магнезиум и железо.
ЈАБОЛКA
Јаболкото е едно од најздравите намирници кои, дефинитивно, треба да се јадат секојдневно. Едно јаболко со средна големина содржи околку пет грама влакна. Намаат многу шеќери, ниту калории, а полни се со витамини и затоа се совршен оброк за тие што сакаат да ја намалат тежината.
САРДИНИ
Доколку ги сакате сардините, тоа е добро за вас. Освен што станува збор за една од ретките риби кои може да се пофалат со ниско ниво на жива, таа исто така има многу здрави омега 3 масни киселини, а покрај тоа претставува и одличен извор на витамин Б, па треба почесто да се јаде.
ЗЕЛЕН ЧАЈ
Денес наместо кафе може да испиете зелен чај. Зелениот чај ке ви помогне во смалувањето на масните наслаги, а притоа и ќе ве освежи. Зелениот чај ја помага работата на тироидната жлезда и го подобрува метаболизмот, а тоа ефект трае и неколку часови по консумирањето на чајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.