| четврток, 6 декември 2018 |

ГОЛЕМИОТ Арпад Штербик, Вардар успеа да извлече бод на гостувањето против Монпелје

Во четвртото коло од Лигата на шампионите Вардар успеа да извлече голем бод гостувањето во Монпелје. По трите победи во првите три кола, вардарци се вратија од „мртвите“ иако на само шест минути до крајот губеа со четири голови разлика. Натпреварот заврши со многу постигнати голови 34-34, но сепак најзаслужен за големиот бод е овогодинешното злато вредно засилување Арпад Штербик. „Црвено-црните“ одиграа солиден натпревар, но мора да се признае дека немаа решение во одбраната посебно за младиот француски репрезентативец Матје Гребиј кој постигна 11 сите од игра. На неколку наврати Монпелје водеше и со четири голови разлика и имаше шанса да ја зголеми, но по враќањето на голот на Арпад Штербик во финишот од мечот со серија од 4-1 избранците на Раул Гонзалес се вратија во игра. Монпелје водеше во текот на целиот натпревар, но Вардар не би бил Вардар ако не успее да се врати и во последната минута да избори нерешен резултат. Во последниот напад Монпелје имаше шанса да победи, но Штербик фати чист зицер по ударот на Гребиј. Вардарци успеаја во мисијата која си ја поставија пред тргнувањето, да се вратат од Франција непоразени.

vardar-15

Тимур Дибиров со девет гола беше најефикасен, a Карачиќ одигра најдобра партија во досегашната Лига на шампиони завршувајќи го натпреварот со осум гола и неколку хируршки прецизни додавања на линијата од шест метри. Арпад Штербик одбрани 13 удари, вклучувајќи и најважниот на овој натпревар.

Vardar Skopje vs Dinamo Minsk

Кај гостите мора да го истакнеме и ветеранот на голот Венио Лосерт кој и покрај тоа што прими 34 гола успеа да фати и 19 топки.
Следниот натпревар Вардар го игра на домашен терен против Веспрем, но по пауза од еден месец бидејќи следуваат натпреварите за репрезентаците кои играат квалификации за европското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top