| четврток, 6 декември 2018 |

Во Софија отворена изложба посветена на Maјка Тереза

majka tereza

Пред преполн салон на Македонскиот културен Центар во Софија, во присуство на претставници од дипломатскиот кор, бројни припадници на верските заедници, почитувачи на делото на блажена Мајка Тереза синоќа беше отворена изложбата со наслов „Maјка Тереза-икона на милосрдието”.

Низ 80 фотографии од кои 40 дело на хрватскиот фоторепортер Звонимир Атлетиќ и 40 автентични фотографии од животот на младата Гонџа Агнес Бојаџиу во Скопје, како и со прикажување на документарни филмови посветени на големата хуманистка, публиката во Софија беше во можност да се запознае со дел од животниот пат на една од најбележитите жени на 20 век, добитничка на Нобеловата награда за мир во 1979 год.како и на преку 700 најзначајни светски награди и признанија. Изложбата е збогатена и со презентација на Спомен куќата „Мајка Тереза” во Скопје, низ која во изминативе 5 години од отворањето поминале илјадници посетители од сите светски меридијани.
За делото на Мајка Тереза и фотографската изложба посветена на неа, зборуваа Васко Шутаров и Рената Кутера-Здравковска, а проектот е целосно поддржан од Министерството за култура на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top