Светската здравствена организација соопшти дека во Сенегал заврши епидемијата од ебола.
– СЗО официјално објави крај на епидемијата од ебола во Сенегал и ја поздрави земјата поради успехот да го спречи ширењето на вирусот, се наведува во соопштението на организацијата.
Во меѓувреме, Источноафриканската заедница соопшти дека испраќа 600 здравствени работници во земјите од Западна Африка, кои се загрозени од смртоносниот вирус.
Источноафриканската заедница ја сочинуваат Кенија, Танзанија, Уганда, Бурунди и Руанда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.