| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепско добива две современи фабрики – „Дупонт“ и „Етанол Јуроп рињуаблс лимитед“

Vlada memorandum etanol 4 (Custom)

Прилеп добива две нови фабрики. Ирската компанија Етанол Јуроп Рињуабл и американската ДуПонт наскоро ќе почнат со изградба на најсовремена фабрика за производство на целулозен етанол. Вчера беше потпишан Меморандум за соработка од страна на  министерот за странски инвестиции Бил Павлески и претседателот на Етанол Јуроп Рињуабл, Марк Тарли и директорот на ДуПонт, Јан Конин. Целта на овој меморандум е да овозможи олеснување на развојот на нивниот проект.

DuPont 

Американската DuPont (ДуПонт) е компанија којашто има искуство од над 200 години во најразлични индустрии. Работи во повеќе од 90 земји ширум светот. Познати се по тоа што на глобалниот пазарѝ ја донесоа светски познатата наука и инженерство преку иновативни производи, материјали и услуги. Иновативноста е пропознатлива карактеристика за нив. Годишно претставуваат илјадници нови производи и патентирани производи, кои се користат во земјоделството, исхраната, електрониката и комуникацијата, безбедноста и заштитата, домот и градежништвото, транспортот и конфекцијата.

Целта на ДуПонт е да обезбедат доволно здрава храна за луѓето во светот, да се намали зависноста од фосилните горива и да ги заштитат луѓето и околината и во следните генерации. Вработените во оваа компанија се трудат да придонесат во своите заедници ширум светот.

invest

DuPont има добиено бројни награди и признанија за својата работа ширум светот, а се наоѓаат и на листата на 50 најценети компании во светот. Исто така тие се наоѓаат и на листата на 27 компании кои го сменија светот, на листата на топ 100 места за мајки со кариера, на листата на 100 најиновативни компании, како и на многу други.

Компанијата во 2013 година беше прогласена како најдобро место за работа од страна на The scientist.

Директорот на ДуПонт, Јан Конинг вчера рече дека во моментов градат фабрика за целулоза и етанол во САД која ќе служи како пример за фабриката што треба да се гради во Прилепско.

– Исто како со проектот што го градиме во САД гледаме големи придобивки и од проектот во Прилеп за земјоделците и за заедницата. ДуПонт е лидер во земјоделството и добрата на земјоделскиот сектор во целиот свет се многу важни за нас, рече Конинг.
Ethanol Europe Renewables Limited 

Ethanol Europe Renewables Limited (Етанол Јуроп Рињуабл) е компанија којашто годишно користи околу 650.000 тони пченка, од која произведува и до 280 милиони литри етанол. Произведуваат и 160.000 тони високопротеинска сточна храна, 5.000 тони масло од пченка.

Компанијата користи затворен систем за производство, со што се намалува количината на отпаден материјал, а се прочистува водата и повторно се употребува за производство.Компанијата производители кои произведуваат еколошки етанол.

– Етанолот е и една од најдобрите можности кои ни се на располагање за да се вратат повторно во живот европските помалку населени рурални области и да се создаде рурален развој кој е одржлив. „Пелагонија етанол проектот“ ќе одгледува растенија за производство на енергија, како и прехранбени растенија на површина од околу 20 илјади хектари на напуштено и деградирано земјиште во Пелагонија и Мариово, рече Марк Тарли и додаде дека растенијата кои ќе се одгледуваат ќе го започнат процесот на претворање на напуштеното земјиште во продуктивен дел во македонската економија.

Проектот во прилепско предвидува изградба на современа биорафинерија со капацитет од 100 милиони литри, а производството ќе биде наменето за светскиот пазар. Вкупната инвестиција за период од пет години ќе изнесува над 250 милиони евра и ќе се креираат 1.000 директни вработувања. Градбата на фабриката би започнала во 2016 и би траела две години.

Фабриката за етанол ќе значи ревитализација и целосно заживување на Мариовскиот регион кој години наназад беше целосно запуштен и замрен, бидејќи инвеститорите ќе одгледуваат култури за производство на етанол на запуштено земјоделско земјиште во Прилепско.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top