Венецуелскиот претседател Уго Чавез починал од масивен инфаркт, а во последните мигови од животот барал од неговите соработници да не дозволат да умре.
Генералот Хосе Орнела, кој бил до Чавез на смртната постела, за „Асошиејтед прес“ изјавил дека претседателот пред да умре молел за помош.
– Не можеше да зборува, но можеше да му се прочита од усни: „Не сакам да умрам. Ве молам не дозволувајте да умрам“ – рекол Орнела за АП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


