Дали дроновите ќе зујат над нашите градови? Пред тоа да се случи, им претстојат големи пречки на патот, вели Дејвид Робинсон. Една од нив сте вие.
Каква е сета оваа бучава околу дроновите?
Летечки, безчовечки роботи кои можат да спасуваат загрозени видови, да пронаоѓаат изгубени деца или да надгледуваат области погодени од катастрофи – не е тешко да се разбере зошто дроновите ја распалуваат нашата имагинација, а понекогаш и нашите нерви. Овој тренд изгледа го достигна својот врв кога Амазон најави свој планови да им доставува на луѓето нарачани нешта со дронови, за 30 минути откако ќе ја направите нарачката. За повеќемината коментатори, ова беше претерано – ефтин ПР трик за да се засили купувањето пред Божиќ на нивната веб страна. „Сето ова е еден надуван балон“, напишаа во Гардијан. Во Биснис инсајдер објавија сличен коментар: „Вистинската причина зошто Амазон синоќа најави испорака со дронови: три милиони долари во бесплатен адвертајзинг“, стоеше во насловот на текстот.
Па дали е сето ова навистина пренадувано?
Да не брзаме. Десет месеци по најавата на Амазон за комерцијална употреба на дроновите почнува да изгледа остварлива. Ју-Пи-Ес, Гугл и кинескиот СФ сервис експрес исто ја преземаат идејата на Амазон и размислуваат за свои испораки со дронови. Во меѓувреме, Де-Ха-Ел почна проби со нивните „парселкоптери“ (хеликоптери за мали пратки) за да доставуваат лекови на тешко достапни места во Германија – мал. но можеби значаен чекор кон нивна поширока употреба.
И да не заборавиме дека сето ова има повеќе врска со дроновите отколку со онлајн купувањето. На пример, Мери „Миси“ Камингс од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, укажува дека дроновите можат да играат голема улога во земјоделието – да се надгледуваат здравите посеви и да ја предводат употребата на пестициди, на пример. Исто така тие можат да бидат користени во недвижностите – помаѓајќи им на луѓето оддалеку да разгледуваат и проценуваат имоти. Потоа постои голем потенцијал за лични активности, како што е фотографирањето. „Луѓето ја потценуваат човековата желба да истражува – и да го гледа светот на начин како што досега никогаш не е виден“, вели Камингс. Всушност, кралицата на кулинарството Марта Стјуарт не изненади како амбасадор во користењето на технологијата за оваа цел: таа користи нејзин личен дрон за да ги фотографира огромните имоти и фарми.
Во ред. Марта Стјуарт е влезена во играта. Но кои се лошите страни од сево ова?
Приватноста е првиот проблем – помислата дека дронот може тајно да снима информации за вас и вашиот дом додека надлетува. Но Камингс мисли дека тоа барем во САД, при посточекиот „закон за заштита на приватноста“ дава непоходна заштита против несаканите фотографирања. И иако дроновите за достава можеби ќе мора да го снимаат својот лет, тие можат да бидат програмирани и да избришат било какви снимени податоци во текот на 24 часа.
Уште позагрижувачка е безбедноста од овие летечки роботи. Што ако избегаат од контрола и паднат на земја? Или што ако се заглават во моторите на некој патнички авион? Камингс вели дека е можно да се дизајнира интелигентна контрола на воздушниот сообраќај, со што ќе се избегнат вакви катастрофални судари. Во случај на расипување, ќе биде потребно превентивно да се пронајде грешката во работата на моторите пред леталото да се урне на земја. „Релативно лесно е да се забележи дали моторот се расипал и да се најде област за слетување во ненаселена област“.
Но не може да се изземе можноста од човечка грешка. Камингс потенцира на еден неодамнешен случај за човек кој го срушил дронот на соседот кога овој „навлегол“ над неговиот имот. Ова не само што го отвора важното прашање за природата на натрапништвото; остатоците кои паѓаат можат да бидат опасни ако паднат на погрешно место. „Тоа ќе биде како камен кој паѓа“, вели Камингс.
Дали е ова навистина налудничав инцидент?
Всушност, идејата за пукање по дронови изгледа се совпаѓа со некои гласини кои се појавија во нашето општество: Видео клипот насловен како „Џони замолкнувачот“ за придушувач за пучки станува култен во САД. Да си признаеме, малкумина ќе го сфатат ова сериозно, но тоа можеби ја истакнува најголемата пречка за дроновите: Вие. „На крајот, најголеми пречки се токму социотехнолошките проблемии“, вели Камингс. Многу луѓе сеуште ја поврзуваат ова технологија со војската, вели Камингс – а многумна се непријателски настроени за нивните можности. Ова е погрешен став токму заради потенцијалот, вели таа. „Повеќето луѓе кои слушаат за дроновите мислат за нив како убијци на луѓе во Пакистан – и не разбираат дека тие можат да имаа и позитивно влијание“.
Можеби ќе го разбереме сето тоа кога еднаш ќе ги видиме на дело – а за тоа различни компании мораат да добијат дозвола од релевантни владини тела: во САд вклучувајќи и од ФАА (Федералната агенција за авијација). Покрај ова, Амазон, Гугл и неколку други компании тукушто најавија лоби група која ќе бара дозвола од ФАА за комерцијлна употреба на дроновите. Нивната моќ може да значи дека работите ќе се забрзаат, вели Камингс. „Со нивните пари, тие можат да ја сменат играта“, вели таа. Всушност, таа смета дека ќе треба пет или десет години пред да почнеме да ги гледаме овие неславни дронови за достава – и за други нешта.
Каде е крајот на сето ова?
Ако Камингс е во право, тогаш оваа технологија може да биде предвесник на нешто уште порадикално. Таа смета дека дроновите ќе бидат мост кон летечките автомобли – со забрзување на развојот на безбедна, автономна навигација во воздухот. „Автомобилите ќе можат да се претвораат во авиони какви што сега постојат – треба само да ги имате вистинските компјутери во нив“. Всушност, таа мисли дека автономните летечки автомобили ќе се соочат со помалку тешкотии од другите кои денес се возат по патиштата, затоа што, потенцијално гледано, постојат помалку пречки во воздухот. „Од мојата перспектива како футурист, ова не е незамисливо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.