| четврток, 6 декември 2018 |

Албанецот кој се тепаше во Белград на рапорт во Грција

фу

Грчкиот клуб ПАС Јанина издаде соопштение во кое вели дека од својот играч Андиј Лила, репрезентативец на Албанија, бара објаснување за инцидентот во Белград која ја шокираше Европа.

Во клубот искрено се надеваат дека нивниот фудбалер само се обидувал да ја смири ситуацијата на теренот на стадионот Партизан и дека не учествувал во тепачката, но тоа сакаат да го чујат од него кога ќе се врати на клупските обврски.

– Спортот би требало да ги обединува луѓето, низ олимписки дух, но тажно е тоа што во Белград имаше се, освен демонстрација на вистинските спортски вредности – се наведува во соопштението на Јанина.

Ќе биде интересно како Лила ќе се „извади“ за потезите во текот на конфликтот со српските играчи бидејќи беше еден од најактивните во инцидентот.

– На снимката од таа „тажна епизода“ се гледа и фудбалерот на Јанина. Се надеваме дека нашиот играч само се обидувал да ја смири ситуацијата на двете страни и дека не сакал да додава масло на оганот кој распламна поради авионите и знамето. Јасно е дека нашиот играч ќе го повикаме на разговор со цел да ни ја објасни неговата улога во конфликтот, а во зависност од тоа што ќе ни го каже адекватно ќе реагираме – велат од клубот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top