
Според известувањето на медицинскиот персонал, славната комичарка Џоан Риверс починала поради слаб довод на кислород во текот на операцијата во клиниката на Менхетен.
Тие наведуваат дека Риверс починала поради тоа што нејзиниот мозок предолго време бил без кислород во текот на операцијата на која била подложена. Џоан почина на 4-ти септември, во 81-вата година од нејзиниот живот.
За потсетување, големата дива заврши на операциона маса поради зафат на грлото, но престанала да диши и итно била преместена на интензивна нега.
Џоан засекогаш ќе ја помниме како легенда на американската телевизија, позната по својот остар јазик. Таа неодамна објави и биографија „Diary of a Mad Diva”, а беше активна и пред малите екрани во емисијата „Fashion Police” каде што ги критикуваше модните одлуки на ѕвездите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


