Министри за земјоделство од западноафрикански држави кои се во центарот на епидемијата со ебола сметаат дека само финансиска помош и глобално договорени напори ќе спречат здравствената криза да прерасне во криза за храна.
Во Сиера Леоне, каде што илјадници луѓе се заразени од опасниот вирус, а над 900 починаа, 40 отсто од фармерите не ги обработуваат нивите. Министерот за земјоделство Џозеф Сам Сасаи вели дека прогнозите за економски раст во државата биле над 11 отсто, но сега очекува да се намали на три отсто.
Либерискиот министер за земјоделство Флоренс Ченвет изјави дека се загубени инвестиции од милијарди долари и оти земјоделството е во многу тешка состојба.
Министрите зборуваа вчера на годишна средба на фондацијата што обезбедува средства во Светската програма за храна, во Дејмон во американската држава Ајова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



