| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Да се виореше знаме на „Голема Србија“ над Тирана, веднаш ќе заседаваше Советот за безбедност на ОН

DACIC - KZN

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, смета дека инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија – Албанија е смислена и однапред испланирана политичка провокација. Според него, Србија не сноси никаква одговорност за прекинот на мечот.

– Ова никогаш не се случило на ниту еден фудбалски натпревар и е испланирано претходно. За мене главното прашање е како ќе реагираат ЕУ и УЕФА зашто некој од Србија да развиореше знаме на „Голема Србија“ во Тирана или во Приштина, тоа веќе ќе беше на дневен ред на Советот за безбедност на Обединетите нации. Во овој случај посебно е спорен моментот што тоа го направи братот на албанскиот премиер кој тука треба да биде гостин. Сето тоа наметнува политичка димензија на целото случување и ова е политичка провокација – вели Дачиќ.

Тој додал дека во текот на вчерашниот ден дипломати од ЕУ вршеле притисок албанските навивачи, кои српските органи сакале да ги задржат на аеродром, да бдат пуштени на стадион иако немале билети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top