
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, смета дека инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија – Албанија е смислена и однапред испланирана политичка провокација. Според него, Србија не сноси никаква одговорност за прекинот на мечот.
– Ова никогаш не се случило на ниту еден фудбалски натпревар и е испланирано претходно. За мене главното прашање е како ќе реагираат ЕУ и УЕФА зашто некој од Србија да развиореше знаме на „Голема Србија“ во Тирана или во Приштина, тоа веќе ќе беше на дневен ред на Советот за безбедност на Обединетите нации. Во овој случај посебно е спорен моментот што тоа го направи братот на албанскиот премиер кој тука треба да биде гостин. Сето тоа наметнува политичка димензија на целото случување и ова е политичка провокација – вели Дачиќ.
Тој додал дека во текот на вчерашниот ден дипломати од ЕУ вршеле притисок албанските навивачи, кои српските органи сакале да ги задржат на аеродром, да бдат пуштени на стадион иако немале билети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


