Навивачите на Пелистер се судриле со полицијата по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Пелистер и Вардар кој финишираше без победник. Чкембарите со камења и други тврди предмети ги нападнале полициските службеници ангажирани за обезбедување на натпреварот. Искршени биле и неколку автомобили. Полицијата работи на идентификација на лицата. Оттаму велат дека ќе бидат покренати соодветни изјави против сите учесници кои имале насилничко однесување.
Навивачката група на Вардар, Комити, не присуствуваа на денешниот натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.