| четврток, 6 декември 2018 |

Чкембари со молба до градоначалникот, ревизија на договорот со Цермат

ckembari komiti

Навивачите на ФК „Пелистер“, популарните „Чкембари“ сомневајќи се во исправноста на работењето на главниот спонзор на клубот, Цермат доставија молба до градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, за ревизија на договорот со оваа фирма која го презеде работењето на клубот минатата година.

Потсетувајќи на очајните резултати од минатата сезона и испаѓањето во Втората лига, Чкембари не ја кријат загриженоста од недоволната амбициозност на раководството за тимот експресно да се врати во елитното друштво. Затоа, тие бараат ревизорска куќа да испита дали оваа компанија навистина вложува 390.000 евра годишно, колку што е должна според точка од договорот, а доколку тоа не е случај ќе се инсистира истиот веднаш да биде раскинат.

molba

molba 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top