„Да не беа Чкембарите, не знам што ќе правевме“. Вака еден од полесно повредените навивачи на Вардар сведочи за инцидентот кој денеска се случи на трибината на најтрофејниот македонски клуб на „Тумбе кафе“.
„Шокиран сум. Не знам што да кажам. На стадионот имаше само едно возило на Брза помош, имаше десетина повредени. Најтешкоповредениот замина со него, а ние останатите, коишто имавме помали повреди, моравме да се снаоѓаме. За среќа, Чкембари со свои возила веднаш се појавија на местото. Нѐ ставија во автомобили и нѐ однесоа во болница. Сѐ што ни беше потребно ни донесоа“ – вели еден навивач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.