| четврток, 6 декември 2018 |

„Чкембари“ со соопштение до јавноста даваат безрезервна поддршка за фудбалерите

Навивачката група од „Чкембари“ испрати соопштение до јавноста по повод новонастанатите случувања во ФК Пелистер и штрајкот на фудбалерите пред Општината во Битола. Соопштението го пренесуваме во целост.

„Како навивачка група длабоко сме засегнати и загрижени околу последните случувања во и околу ФК Пелистер – Битола. Наместо конечна разрешница на повеќегодишните проблеми со кои се соочува клубот, за жал сведоци сме на веќе видено сценарио: долгови кон фудбалерите, стручниот штаб и вработените во клубот име на плата и придонеси,најави за штрајк итн…

Резултат од очигледните нерасчистени односи помеѓу веќе поранешниот доминантен сопственик на акциите на клубот ДОО”Цермат”- Битола и и Општина Битола како странки во договорот Р-БР 445/14. Договорот Р-БР 445/14 повеќе пати беше топ тема низ битолските спортски кулоари,за жал во негативна смисла.

Како навивачка група, како љубители на спортот и фудбалот повеќе пати алудиравме на непочитувањето на обврските од договорот од страна на странките,но за жал досега ништо не беше преземено во насока на конечно разрешување на проблемите во ФК Пелистер.

И покрај сите кадровски и финансиски проблеми клубот се врати онаму каде што припаѓа,во првата лига. Најмногу благодарение на луѓето кои треба да го превземат натамошното водење на клубот, кои веќе се превзедоа првите конкретни чекори кон создавање на респектабилна фудбалска средина:најава за нови спонзори кои ќе го вратат старото реноме на клубот, доаѓање на дузина нови фудбалери кои ќе го подигнат значително квалитетот на екипата.

Но за жал, новонастаната состојба со неисплатените плати,придонеси за последните неколку месеци сериозно ја доведува во прашање успешната транзиција во управувачката структура на клубот, промени кои веќе требаше да се случат, без некои посериозни проблеми и правни пречки, но за жал на сите искрени љубители на фудбалот во спортска Битола повторно наидуваме на сериозни проблеми. Како навивачка група,како вљубеници во фудбалот целосно застануваме со безрезервна подршка кон барањата на фудбалерите и стручниот штаб истакнати во ултиматумот од ден 01.07.2016…

Апелираме до надлежните, во случајот ДОО Цермат Битола и Општина Битола без одлагање да си ги исполнат обврските од договорот, во најбрз можен рок да се исплатат сите доспеани побарувања на фудбалерите ,стручниот штаб и сите вработени во клубот на кои им се доцни исплатата на плати и придонеси.

Да не се блокира напредокот на клубот, евентуалните меѓусебни нерасчистени односи да се решат пред надлежните органи,каде што им е местото,без префрлање на вината и одговорноста,зошто од целата оваа мешаница единствен губитник е ФК Пелистер, никој друг. Бараме целосна исплата на побарувањата на сите вработени во АД ФК Пелистер Битола, правосилно раскинување на договорот 445/14.

Со единствена цел, фудбалерите да си го добијат заслуженото, да се остави простор за влез во клубот на новата управа со својот спонзорски тим, да се потпишат договорите со новите играчи кои веќе секојдневно тренираат остатокот од играчкиот кадар на клубот и чекаат разрешница на проблемите. Клубот да се бори за горниот дел на табелата во ПМФЛ, како што доликува.

На крај да додадеме дека доколку не се исполни ултиматумот на нашите играчи, од понеделник ние како навивачка група ќе излеземе масовно на протести и за радикалните последици нема да бидеме одговорни, како што вие не одговарате пред законот за прекршувањето на договорот и за сите последици во изминатите две години“.

Со почит
Навивачка група „Чкембари” – Битола

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top