| четврток, 6 декември 2018 |

Има ли надеж за Селтик и Валенсија?

Јувентус и Пари сен Жермен, вечерва се пред промоција во нови четвртфиналисти во Лигата на шампионите. „Старата дама“ од Торино има супер залиха од 3-0 против Селтик од првиот меч во Глазгов, а ПСЖ ќе стартува со позитивата од „Месталја“ кога победи со 2-1.

– Одиме во Торино да ја презентираме шкотската гордост. Лудо би било да се надеваме дека ќе победиме со 4-1, или 4-0, но сакаме да победиме во реваншот. Им реков на играчите да уживаат во играта, во атмосферата и да не се грижат за негативата од првиот дуел – рече Нил Ленон, менаџерот на Селтик.

Јувентус има супер серија од 17 меча без пораз на европските натпревари. Последниот им е на 18 март, 2010 година, кога Фулам направи сензација, победи со 4-1 во Лондон и го елиминира Јуве со вкупен резултат од 5-4, во двомеч во рамките на УЕФА Европа лигата.

Францускиот претставник, Пари сен Жермен, вечерва има шанса по 18 години пауза да игра во четвртфиналето на ЛШ . Предноста од 2-1 против Валенсија е одлична, но проблем за „светците“ е неиграњето на првата ѕвезда во тимот Златан Ибрахимовиќ. Тој беше исклучен во самиот финиш на „Месталја“ во Валенсија и нема да игра вечерва.

Валенсија мора да даде најмалку два гола за да се надева на подвиг.

„Не игравме добро во првиот натпревар и ПСЖ не казни. Нормално е дека по ваков резултат, домаќинот е фаворит, но ние ќе дадеме се од себе да го изненадиме силниот противник“ вели Ернесто Валверде, менаџерот на Валенсија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top