Нов начин на упатување за хируршка интервенција почна официјално да функционира во системот „МојТермин“ со цел да се воведе електронска евиденција за хируршки интервенции. При преглед кај хирург доколку е утврдена потреба од хируршка интервенција, се издава упат во кој се наведува типот на операција која треба да биде извршена, со што пациентот автоматски влегува во листа на чекање за таа интервенција.
Ова денеска на прес-конференција го истакна Жаклина Чагоровска, член на тимот на националниот систем на интервенции „МојТермин“, која рече дека во системот ќе се забележуваат податоци: датум на издавање на упатот/датум на утврдена потреба од хирушка интервенција, податоци за пациентот и податоци за типот на хирушка интервенција.
– Во системот „МојТермин“ веќе се креирани околу 3.000 вакви упати. Одредени установи почнувајќи од јули на овој начин веќе ги креираат упатите за операција (Клиника за пластична и рекоструктивна хирургија – 866, Клиника за очни болести-678, ГОБ „8 Септември-219 и Клиника за детска хирургија-213) – посочи Чагоровска.
Доколку пациентот веќе се наоѓа на листа на чекање во одредена установа за одредена хирушка интервенција, појасни таа, за него не може да се издаде нов упат се додека не се избрише стариот, односно пациентот може да биде само на една листа на чекање за одредена хирушка интервенција.
– Процесот продолжува со дефинирање на терминот за операција. Според условите во секоја установа, се креира планот за оперативна програма, некаде за една недела однапред, некаде постои можност да се креира за еден месец, а можно е да се креира и за еден до два дена однапред. Принципот кој се применува во системот е „прв дојден-прв услужен“. За секое „прескокнување на ред“ лекарот задолжително пополнува образец во кој ја наведува причината и го потврдува со својот потпис и факсимил. Оваа причина се внесува и во електронскиот систем – рече Чагоровска.
Појасни дека ако има потреба некој пациент да биде „избришан“ од листата на чекање, тоа може да се направи во системот, но при тоа задолжително од страна на операторот треба да се наведе причината. Тоа, нагласи, треба да биде потврдено и во образец потпишан од страна на лекарот, а пациентите задолжително ќе бидат контактирани по телефон.
– Откако пациентот ќе влезе во оперативната програма, доколку има потреба, тој може да биде и вратен во листата на чекање, односно терминот за операција да биде поместен. Обврска на установата е да ја заврши предвидената операција во најбрз можен рок – рече Чагоровска и потенцира дека изминатите денови е извршена обука на вработените во установите кои вршат хирушки интервенции за користење на оваа новина во системот „МојТермин“.
Таа додаде дека за контрола на креирање и управување со листите на закажани интервенции е надлежен Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а инспекторите ќе имаат увид во електронските листи согласно нивните надлежности и на терен ќе вршат контрпла на правилната примена на системот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе се надградува „Мој термин“, докторите ќе имаат повеќе време за пациентите
-
Со 70 илјади евра Министерството за здравство ќе го подобрува „Мој термин“
-
Напредок по наш урнек: Српското здравство подобро од унгарското, полошо од македонското
-
Лекарите поболни од пациентите: Гинеколог си препишал 182 рецепти за една година