Комбухата е здрав напиток кој се прави од јапонската чајна габа – комбуха.
Комбухата е габа составена од желатиноидна и жилава габна мембрана во облик на плоснат диск. Живее во хранлив раствор од чај и шеќер, во кој постојано се размножува. Габниот диск прво се проширува по целата површина на чајот, а потоа се здебелува. Кога се одгледува на правилен начин, таа расте и ‘рти.
Комбухата содржи неколку пати поголемо количество витамин Ц отколку лимонот. Од витамините од групата Б ги содржи: Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12.
Најважната компонента, која се наоѓа во големо количество во екстрактот од комбухата, е глукуронската киселина. Таа го носи епитетот на „главен чистач“ на метаболизмот во човечкиот организам, како и штетните материи кои се внесуваат од надворешната средина преку храната, воздухот, водата и друго.
Антибиотската компонента во комбухата – течноста претставува една киселина со засилено антибиотско, а делумно и антивирусно дејство.
Списокот на болести што се лекуваат со оваа габа е долг, односно таа:
– го продолжува животниот век;
– го спречува создавањето брчки;
– го подобрува дишењето;
– ги чисти крвните садови;
– отстранува мачнина при возење;
– ги зајакнува мускулите на нозете;
– го зајакнува ослабениот имунитет;
– ја чисти крвта;
– ги омекнува, раствора и чисти жолчните камења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.