Државниот совет на Франција го исклучи Косово од списокот на земји кои ги почитуваат човековите права. Во декември 2013 година, Косово заедно со Албанија и Грузија беше вклучено во списокот земји кои се сметаат за „надежни“ од гледна точка на почитувањето на човековите права, демократските стандарди и владеење на правото.
Вчера, меѓутоа, Државниот совет на Франција констатира дека независно од „позитивните промени“, во Косово има како политичка, така и социјална нестабилност. Според француски експерти, тоа ќе доведе до драстично зголемување на барањата за азил за Косовците во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации