| четврток, 6 декември 2018 |

Париз: Косово не ги почитува човековите права

francija burkaДржавниот совет на Франција го исклучи Косово од списокот на земји кои ги почитуваат човековите права. Во декември 2013 година, Косово заедно со Албанија и Грузија беше вклучено во списокот земји кои се сметаат за „надежни“ од гледна точка на почитувањето на човековите права, демократските стандарди и владеење на правото.

Вчера, меѓутоа, Државниот совет на Франција констатира дека независно од „позитивните промени“, во Косово има како политичка, така и социјална нестабилност. Според француски експерти, тоа ќе доведе до драстично зголемување на барањата за азил за Косовците во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top