Меѓу Северна и Јужна Кореја денеска дошло до размена на оган, откако од Северна Кореја бил погоден балон со пропаганден материјал во близина на јужнокорејскиот град Јеончеон.
Министерство за одбрана на Јужна Кореја засега не ја потврди оваа вест и сè уште нема вести за евентуални штети или жртви на јужнокорејска страна.
До инцидентот дошло по повеќе од еден месец откако севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун не се појави во јавност, што поттикна шпекулации за негова болест или за промена на врвот на власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


