Хеликоптер на американската армија се урнал на границата меѓу Северна и Јужна Кореја, јавуваат странските агенции. Станува збор за хеликоптер од типот „блек хоу“ со 12-член екипаж.
Нема информации за причините што предизвикале хеликоптерот да се урне, но вооружените сили на Северна Кореја се заканија дека ќе извршат напад врз Јужна Кореја доколку „антидржавните активности кон неа“ не сопрат, јавува германската новинска агенција ДПА. За време на протестите во Сеул, конзервативна група демонстранти го запали портретот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил, по што се вознемири Северна Кореја.
Во военото соопштение кое го пренесе државната новинска агенција е наведено дека палењето на портретот на лидерот е грозоморен и непростлив чин и затоа врховната команда на корејската народна армија издаде ултиматум кон, како што е наведено, „јужнокорејската куклена група“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.