| четврток, 6 декември 2018 |

Путин кон зближување на Русија со Северна Кореjа

zx450y250_2409146

Средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и покојниот севернокорејски лидер Ким Јонг Ил во 2002 година

Рускиот претседател Владимир Путин повикува на продлабочување на врските меѓу Русија и Северна Кореjа, со цел подобрување на регионалната безбедност, пренесува„ Ројтерс“. Тоа се случува ден откако Путин го примил Чхве Рен Хе, претставникот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Високи севернокорејски раководители ретко ја посетуваат Москва, но Пјонгјанг се обидува да ја привлече Москва кон опозицијата на резолуцијата на ОН, која и предлага на светската организација, режимот во Пјонгјанг да биде исправен  пред Меѓународниот кривичен суд поради злосторства против човештвото.

Русија освен тоа е и една од петте земји, вклучени во преговорите со Северна Кореја за нејзината нуклеарна програма, заедно со Јужна Кореја, Кина, Јапонија и САД.

Кремљ не објавил детали за вчерашната средба на Путин со Чхве Рен Хе, близок соработник на Ким и висок раководител на владеачката корејска работничка партија, кој е на седумдневната посета на Русија.

По приемот на новиот амбасадор на Северна Кореја во Русија, Путин рекол дека двете држави одржуваат пријателски односи и дека продлабочувањето на политичките, трговските односи и економската соработка, несомнено се во интерес на народите на двете држави и на регионалната стабилност и безбедност.

Извор од руското Министерство за надворешни работи оваа недела, за „Интерфакс“ рекол, дека за време на посетата на севернокорејскиот претставник, ќе бидат разгледани билатералните односи, економскиот развој и нуклеарната програма на Пјонгјанг , но не ја споменал резолуцијата на ОН.

Во вторникот комисијата за човекови права на Генералното собрание на ОН усвои резолуција, која нуди Советот за безбедност да ја исправи Северна Кореја пред Меѓународниот кривичен суд за обвинувања за злосторства против човештвото. Резолуцијата е усвоена по извештајот на анкетна комисија на ОН, за тешки прекршувања на човековите права во Северна Кореја. Северна Кореја ја отфрли резолуцијата на комисијата која според неа е дел од заговор против нејзиниот политичка систем, предводен од САД.

Дипломатите велат дека Кина, кој е сојузник на Северна Кореја, најверојатно, ќе го искористи своето право на вето во Советот за безбедност, за да го отфрли предлогот Пјонгјанг да биде изведен пред суд и дека најверојатно Русија ќе ја поддржи кинеската позиција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top