| четврток, 6 декември 2018 |

Во отсуство на постариот брат, Kим Јо Јонг управува со Северна Кореја?

kim-jo-dzong-foto-printscreen-twitter-1412853611-579555Помладата сестра на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, управува со државата за време на отсуството на нејзниот брат, дознаваат светските медиуми.

Ким не е виден во јавноста повеќе од еден месец и ниту се слуша нешто за него, што е мошне чудно со оглед на тоа дека државната телевизија вообичаено го следи секој негов чекор. Во недостиг на официјални објаснувања за неговото отсуство, во јавноста излегоа нови гласини за причините за неговото исчезнување.

Досега се појавија гласини дека боледува од гихт, дијабетес, дека се разболел од претераното консумирање на швајцарското сирење ементалер, па дури и дека има проблеми со зглобовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top