| четврток, 6 декември 2018 |

Пациентка се пораѓала, докторките се сликале за „Фејсбук“

пора

На профилот на „Фејсбук“ на гинекологот Сања Станојевиќ – Дакиќ осамна селфи со нејзината колешка при што во заднината се гледа родилка како полугола лежи на бокс и се пораѓа.

Неколку часа по објавувањето на оваа скандалозна фотографија, избришан е нејзиниот профил од „Фејсбук“, а докторката се бранела со тоа што нејзиниот профил бил хакиран, па ваква приватна фотографија излегла во јавност.
-Се извинувам ако јавноста е вознемирена од заднината во која се гледа родилка, но фотографијата е направена по успешно завршено породување и во време додека со колешката правевме запсисник – изјавила Станоевиќ – Дакиќ.
 Сања Станојевиќ стажирала во специјалистичката болница за гинекологија во Ниш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top