Додека екипата на телевизијата „Алфа“ снимаше снимки од хотелот „Супер 8“, од пред паркинг-просторот на стоковната куќа „Илинден“, во близина на споменикот на Скендер-бег, две непознати лица ја нападнаа заканувајќи им се по животот, јавува телевизијата.
Непознатите насилници наредиле да не се снима, по што влегле во вербален конфликт со снимателот, туркајќи го и навредувајќи го, тегнејќи му ја камерата за да ја одземат, по што тој бил принуден да им го даде дискот на кој биле снимките.
– Иако добија ветување од новинарката дека материјалот нема да биде прикажан, со закана по животот ги избркаа од паркинг-просторот. Дискот остана кај непознатите момчиња. Телевизија „Алфа“ го пријави инцидентот во полиција – објави телевизијата на својот веб-сајт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.