Во тек е мастерс-турнирот во Шангај на кој учествуваат најдобрите тенисери во светот. Единствени од фаворитите што успеаја да го поминат првото коло се Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.
На нивните вчерашни мечеви присуствуваше и најдобриот кинески кошаркар Јао Минг, кој со успех настапуваше во НБА-лигата од 2002 до 2011 година.
Тој дури и ја потфрли паричката пред почетокот на мечот на Федерер со Мајер. Двајцата тенисери ја искористија можноста за да се сликаат со спортската икона во Кина и веднаш да се пофалат на социјалните мрежи.
Тој е висок 229 сантиметри, а двајцата тенисери изгледаа како лилипутанци покрај Гуливер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




