| четврток, 6 декември 2018 |

Северина се расплака среде емисија (видео)

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ се расплака на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“ говорејќи за врската со Милан Поповиќ

Популарната Севе зборуваше за нејзината кариера и за претстојниот концерт, но кулминацијата следуваше кога водителот ја праша за нејзиниот приватен живот, за детето и за врската со Милан. Таа призна дека сè уште се сакаат со нејзиниот невенчан партнер.

– Сè што се пишуваше не е така. Се смиривме. Тоа беше само чувствителен период. Љубовта никогаш не беше доведена во прашање – рече Севе.

На прашањето дали има можност да се смират, таа со солзи на очите одговори:

 –  Гледаш што ми правиш, само плачам во твојата емисија – рече Северина бришејќи ги солзите.

Во шоуто атрактивната пејачка зборуваше и за детали од приватнот живот кои досега не ги открила во јавноста.

– Уште од раѓање околу мене имаше многу луѓе. Мајка ми имала ризична бременост бидејќи

тоа ѝ било трет царски рез. Пет месеци сум била одвоена од мајка ми. Сум можела и да умрам – рече Северина.

Пред да се емитува шоуто на Огнен Амиџиќ, Северина беше во Љубљана, од каде што на своите обожаватели им испрати провокативна фотографија, а ден претходно, пак, во емисијата „ВИП соба“ на ТВ „Пинк“ ги урна сите рекорди во гледаност на телевизијата со нејзиниот провокативен настап во кој ги допираше танчерките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top