| четврток, 6 декември 2018 |

Камиловски: Со атроскопија пациентите сега живеат без болка

Viktor-Kamilovski---intervju-Republika– Мо­то­цик­ли­сти­те се по­себ­на ка­те­го­ри­ја па­ци­ен­ти. Тие се нај­че­сти па­ци­ен­ти на Кли­ни­ка­та во пер­и­од од март до октом­ври. Ду­ри има­ме и смрт­ни слу­чаи во овој пер­и­од. Ние ка­ко до­кто­ри, про­фе­си­о­нал­ци ќе на­пра­ви­ме сѐ за да спа­си­ме чо­веч­ки жи­вот. Пре­вен­ци­ја­та е мно­гу важ­на. Во овој пер­и­од е актив­на и кам­па­ња­та за без­бед­ност во со­о­бра­ќа­јот, при што ак­цен­тот е ста­вен на по­диг­ну­ва­ње на со­ве­ста за без­бед­ност во со­о­бра­ќа­јот. Со­о­бра­ќај­ни­от тра­у­ма­ти­зам е чу­ма на де­неш­ни­ца­та – вели доктор Камиловски во интервју во студиото на Република ТВ.

За­ед­но со Ва­ши­от ле­кар­ски тим прв­пат из­ве­до­вте ар­тро­ско­пи­ја на ра­мо во Ма­ке­до­ни­ја. До­се­га се из­вр­ше­ни по­ве­ќе од 30 ин­тер­вен­ции. Ва­кви опе­ра­ции де­нес се из­вр­шу­ва­ат и на ко­ле­но и на ра­чен зглоб, а тро­шо­ци­те се це­лос­но по­кри­е­ни од Фон­дот за здрав­ство. За кол­ку сло­же­на опе­ра­ци­ја се ра­бо­ти?

Ка­ми­лов­ски: Бла­го­да­ре­ние на раз­би­ра­ња­та на ме­на­џе­ри­те во Фон­дот за здрав­ство и на ре­сор­ни­от ми­ни­стер, кои зна­ат де­ка ме­ди­ци­на­та по­сто­ја­но оди на­пред, ние на на­ша­та кли­ни­ка на­ба­вив­ме опре­ма ко­ја ни овоз­мо­жу­ва ар­тро­скоп­ска хи­рур­ги­ја. Тоа зна­чи вле­гу­ва­ње во кој би­ло зглоб без се­че­ње. До­вол­но е са­мо да има вле­зо­ви дла­бо­ки 3-4 ми­ли­ме­три пре­ку кои ќе мо­же да вле­зат во згло­бот ка­ме­ра­та и ин­стру­мен­ти­те за да ја за­вр­ши­ме ра­бо­та­та за ко­ја до­шол па­ци­ен­тот. Мо­мен­тал­но, во све­тот се во тренд овие ин­тер­вен­ции. Овие опе­ра­тив­ни тех­ни­ки по­ра­но не мо­жев­ме да ги пра­ви­ме би­деј­ќи ја не­мав­ме опре­ма­та. Со оваа тех­ни­ка ние мо­же­ме да го опе­ри­ра­ме па­ци­ен­тот во те­кот на де­нот и тој поп­лад­не ве­ќе да би­де до­ма. Пред­но­ста е и за бол­ни­ца­та, би­деј­ќи не пра­ви тро­шо­ци, и за па­ци­ен­тот, кој мно­гу по­бр­зо се вра­ќа на сво­и­те ра­бот­ни или спорт­ски актив­но­сти. До­се­га на­пра­ви­ме пре­ку 250 ар­тро­ско­пии на ра­чен зглоб и тие се ра­бо­тат са­мо на Кли­ни­ка­та за хи­рур­шки бо­ле­сти „Све­ти На­ум Охрид­ски“. До­се­га за овие ин­тер­вен­ции па­ци­ен­ти­те ги пра­ќав­ме во странс­тво. Ар­тро­ско­пи­ја­та на ра­мо­то, исто та­ка, е нов ме­тод кој го во­ве­дов­ме на на­ша­та кли­ни­ка. До­а­ѓа­ат па­ци­ен­ти со го­ле­ми бол­ки, а оваа ин­тер­вен­ци­ја овоз­мо­жу­ва па­ци­ен­ти­те сло­бод­но да го дви­жат ра­ме­ни­от зглоб. Вгра­ду­ва­ме и про­те­зи на ра­мо­то. Кол­ку и да зву­чи фу­ту­ри­стич­ки, го ва­ди­ме оште­те­ни­от дел и вмет­ну­ва­ме про­те­за, од­нос­но ве­штач­ко ра­мо. Фи­ло­зо­фи­ја­та на оваа про­те­за е жи­вот без бол­ка.

 

Целиот разговор со д-р Виктор Камиловски, хирург-трауматолог од Кли­ни­ка­та за хи­рур­шки бо­ле­сти „Све­ти На­ум Охрид­ски“ – Скоп­је можете да го погледнете на следниот линк.

Разговараше: Александра М. Бундалевска
Видео: Игор Ангеловски и  Жан Лековски
Монтажа: Илија Јовановски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top