– Мотоциклистите се посебна категорија пациенти. Тие се најчести пациенти на Клиниката во период од март до октомври. Дури имаме и смртни случаи во овој период. Ние како доктори, професионалци ќе направиме сѐ за да спасиме човечки живот. Превенцијата е многу важна. Во овој период е активна и кампањата за безбедност во сообраќајот, при што акцентот е ставен на подигнување на совеста за безбедност во сообраќајот. Сообраќајниот трауматизам е чума на денешницата – вели доктор Камиловски во интервју во студиото на Република ТВ.
Заедно со Вашиот лекарски тим првпат изведовте артроскопија на рамо во Македонија. Досега се извршени повеќе од 30 интервенции. Вакви операции денес се извршуваат и на колено и на рачен зглоб, а трошоците се целосно покриени од Фондот за здравство. За колку сложена операција се работи?
Камиловски: Благодарение на разбирањата на менаџерите во Фондот за здравство и на ресорниот министер, кои знаат дека медицината постојано оди напред, ние на нашата клиника набавивме опрема која ни овозможува артроскопска хирургија. Тоа значи влегување во кој било зглоб без сечење. Доволно е само да има влезови длабоки 3-4 милиметри преку кои ќе може да влезат во зглобот камерата и инструментите за да ја завршиме работата за која дошол пациентот. Моментално, во светот се во тренд овие интервенции. Овие оперативни техники порано не можевме да ги правиме бидејќи ја немавме опремата. Со оваа техника ние можеме да го оперираме пациентот во текот на денот и тој попладне веќе да биде дома. Предноста е и за болницата, бидејќи не прави трошоци, и за пациентот, кој многу побрзо се враќа на своите работни или спортски активности. Досега направиме преку 250 артроскопии на рачен зглоб и тие се работат само на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Досега за овие интервенции пациентите ги праќавме во странство. Артроскопијата на рамото, исто така, е нов метод кој го воведовме на нашата клиника. Доаѓаат пациенти со големи болки, а оваа интервенција овозможува пациентите слободно да го движат рамениот зглоб. Вградуваме и протези на рамото. Колку и да звучи футуристички, го вадиме оштетениот дел и вметнуваме протеза, односно вештачко рамо. Филозофијата на оваа протеза е живот без болка.
Целиот разговор со д-р Виктор Камиловски, хирург-трауматолог од Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Скопје можете да го погледнете на следниот линк.
Разговараше: Александра М. Бундалевска
Видео: Игор Ангеловски и Жан Лековски
Монтажа: Илија Јовановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


