
Ова не е диета, туку само три трик со кој може да се убие гладта. Држењето на диета бара дисциплина и доследност, но чувството на глад може се да уништи. Како би издржале до самата цел, може да се искористат трите производи, убијци на апетит кои може да се комбинираат меѓу оброците.
1. Кисели краставици
Киселите краставици не мораат да бидат само прилог, туку и идеално средство за убивање на гладта. Краставичките го намалуваат шеќерот во крвта, па со тоа го ублажуваат чувството на глад. Доколку почувствувате голема желба за храна, загризете неколку кисели краставички.
2.Бадеми, ореви и лешници
Рака од овие здрави јаткастри плодови ќе ве засити во моментот, а во комбинација со сушено овошје, како грозје, смокви или сливи се непобедиви против гладта
3. Минерална вода наместо газирани сокови
Иако газираните сокови ја убиваат гладта, тие се калорични и нема да помогнат ако сте на диета. Сокот може да се замени со минерална вода. Таа во моментот ќе ве надува, а со самото тоа и ќе ве засити. Овој пијалок може да се искомбинира со претходните грицкалици, со што дополнително ќе ја задоволите вашата глад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


