Терористичката организација ИСИЛ има намера своите борци да ги испраќа во земјите од Западна Европа маскирани во бегалци, пишува германскиот весник „Билд ам Зонтаг“, кој се повикува на извори од американските безбедносни агенции. Австриската полиција била предупредена за таквите планови и, како што е соопштено, работи на нивното спречување.
Токму поради таа причина, заострена е проверката на засебните барања за добивање азил, а Службата за борба против тероризмот, исто така, мошне внимателно ја следи состојбата.
Американските тајни служби дознале за овие планови преку дешифрирање кодирани телефонски разговори меѓу највисоките припадници на терористичката организација. ИСИЛ своите борци ќе ги испраќа во групи од по четири лица, а тие ќе бидат маскирани во бегалци за полесно да преминат на територијата на Турција. Оттаму со фалсификувани документи ќе патуваат низ земјите на Западна Европа, каде што ќе вршат напади. Американските тајни служби, исто така, дознале дека терористите на патувањето нема да користат авиони поради строгите аеродромски контроли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


