Најмалку 32 лица загинаа, а речиси 15 се повредени и хоспитализирани во турканица за време на хиндуистички празник во источната индиска држава Бихар, соопшти локалната полиција.
Огромен број луѓе се собрале во главниот град на државата Патна, поради палење на кукли во раните утрински часови, што е дел од обичаите за празникот Дусехра.
Според властите, до турканицата дошло кога луѓето си заминувале по церемонијата, а очевидец изјавил дека околината не била доволно осветлена.
Полицијата ги разгледува телевизиските снимки од настанот, со цел да утврди која е причината за трагедијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.