Најголемата меѓународна невладина организација во Велика Британија „Да ги спасиме децата“ предупреди денеска дека во Сиера Леоне секој час пет луѓе се заразуваат од ебола.
Според нив, минатата недела во Западна Африка се пријавени 765 нови случаи на eбола, додека во таа држава постојат на располагање само 327 болнички кревети.
Од eбола досега животот го загубија 3.338 луѓе, а 7.178 се инфицирани. Најмногу се погодени Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја. Шефот на таа организација, Џастин Форсајт, наведува дека бројот на заразени во Сиера Леоне може набргу двојно да се зголеми, на секој час да има десет нови заразени луѓе до крајот на месецот, доколку не се преземат итни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



