Популарниот пејач Рики Мартин, кој пред неколку години јавно се декларираше како хомосекусалец, е горд татко на близнаците Матеј и Валентин, кои пред 7 години ги доби со помош на сурогат мајка.
Рики тогаш направи пауза во кариерата за да може да им се посвети на синовите, а пред неколку дена при гостувањето во една емисија изјави дека најтешко од родителството досега му паѓале прашањата околу тоа како дошле на свет.
– Син ми ме праша „Тато, дали ме носеше во стомакот“, а јас му одговорив „бевте во моето срце и се уште сте во моето срце“. Не можев да ги оставам на тоа, па продолжив да им објаснувам. „Постои една жена која многу ја сакам, а која ми помогна да ве донесам на овој свет. Ми го позајми својот стомак за да дојдете на свет, а кога дојдовте ве земав на раце -изјави пејачот.
Во последно време кружеа гласини дека Рики Мартин очекува ќерка, но тој ги демантираше, но призна дека би сакал повторо да стане татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


