| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар со победа се прости од „Кале“

Македонскиот вицешампион РК Вардар со победа против хрватскиот шампион Загреб во рамките од СЕХА лигата, како и навивачката група „Комити“ се простија од својот дом СРЦ „Кале“.

„Црвено-црните“ веќе од следниот викенд се селат во новата сала „Јане Сандански“.

Вардар сосема заслужено дојде до петтата победа во СЕХА лигата против тимот предводен од миленикот на „Комити“, Веселин Вујовиќ, со 32-29 (19-16).

Најефикасен во македонскиот тим беше Добривое Марковиќ со 10 голови, додека кај гостите најмногу се истакнаа Валчиќ и Степанчиќ со по седум голови

На стартот од натпреварот „Комитите“, со скандирање „Вујо мајсторе”, „Вујо ти си наша икона”, го расплакаа тренерот на Загреб, Веселин Вујовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top