Во есен и во зима многумина се решаваат алиштата да ги сушат на радијаторите. Брзото решение е често и погрешно, а со себе повлекува и многу здравствени ризици.
– Испарувањето на детергентите и омекнувачите го зголемува ризикот од појава на алергии – сметаат алерголозите.
Лекарите советуваат покрај радијаторите секогаш да има сад со вода. Ако нема, воздухот се суши и тоа негативно влијае на слузокожата на дишните органи. Слузокожата станува сува и привлекува различни алергени и причинители на разни инфекции на дишните органи, советуваат лекарите.
Истражување во Шкотска покажало дека сушењето на гардеробата во становите ја зголемува влагата за 30 проценти и со себе повлекува ризик од астма и алергии на кои посебно се изложени децата.
Симптоми за инфкеција на дишните патишта се бројни: кашлање, хронилен умор, иритација на очи, грло, кожа, главоболка или мачнина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.