| четврток, 6 декември 2018 |

Американската национална безбедност препорачува да исклучите Java

Се препорачува на сите корисници да го исклучат Java додатокот на пребарувачите поради можноста за потенцијални хакерски напади поради неодамна откриениот пропуст на софтверот

no_javaОдделението за национална безбедност во САД смета дека Java претставува огромен безбедносен ризик. Се препорачува на сите корисници да го исклучат Java додатокот на пребарувачите поради можноста за потенцијални хакерски напади поради неодамна откриениот пропуст на софтверот. Според експертите за безбедност, пропустот на Java овозможува и криминални активности со малциозни напади на корисниците, меѓу кои спаѓа и крадење на идентитет.

Од Oracle најавија дека ќе направат поправка за Java во текот на утрешниот ден, 15-ти јануари. Со поправката би тербало да исчезнат 86 безбедносни дупки и сите корисници се советуваат да ја инсталираат новата верзија на Java. Инаку Java се користи на повеќе од милијарда компјутери ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top