Одделението за национална безбедност во САД смета дека Java претставува огромен безбедносен ризик. Се препорачува на сите корисници да го исклучат Java додатокот на пребарувачите поради можноста за потенцијални хакерски напади поради неодамна откриениот пропуст на софтверот. Според експертите за безбедност, пропустот на Java овозможува и криминални активности со малциозни напади на корисниците, меѓу кои спаѓа и крадење на идентитет.
Од Oracle најавија дека ќе направат поправка за Java во текот на утрешниот ден, 15-ти јануари. Со поправката би тербало да исчезнат 86 безбедносни дупки и сите корисници се советуваат да ја инсталираат новата верзија на Java. Инаку Java се користи на повеќе од милијарда компјутери ширум светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски бара обвинителство кое ќе го истражува криминалот на Заев
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Од овие српски хакери се тресеше Европа: Две момчиња од Прокупље и Рума ги воделе нападите на сајтови во цел свет


