| четврток, 6 декември 2018 |

Од овие српски хакери се тресеше Европа: Две момчиња од Прокупље и Рума ги воделе нападите на сајтови во цел свет

Двајцата српски државјани Јован М. (19) од Прокупље и Вукашин Д. (21) од Рума се уапсени поради сомн дека биле администратори на сервисот Webstresser.

Во акцијата што траела два дена учествувале сите национални полициски единици за борба против високотехнолошки криминал на Холандија, Велика Бр (NCA), Хрватска, Канада, САД (ФБИ), Германија (BKA), Шпанија, Хонг Конг, Шкотска, Италија и Австралија. Истрагата на оваа меѓународна криминална група почнала во октомври 2017 година од страна на холан национална криминалистичка единица за високотехнолошки криминал, на основа на оперативните информации добиени од (NCA) од Велика Британија.

Штабот за команда и координација на дводневната акција бил поставен во седиштето на Еуропол, а акц почнала во Србија со апсење на Јован и Вукашин.

По акции на поголем број локации во светот уапсени се и други администратори и членови на овој крим сервис, додека серверите преку кои се изведувале криминалните напади ги презела полицијата. Споменатиот сервис потоа е исклучен и неговата серверска инфраструктура е запленета од полицијата Германија, САД и Холандија.

Против корисниците на овој криминален пазар преземени се и понатамошни оперативни мерки, а во досегашната истрага не се пронајдени докази за извршен напад врз интернет-порталите од Србија. Webstresser се смета за најголемиот светски криминален пазар за изнајмување, таканаречен DDoS нап повеќе од 136.000 регистрирани корисници и повеќе од четири милиони напади изведени до април ова година на разни интернет-домени во светот. Оркестрираните напади целеле на критичните онлајн-услу ги нуделе банките, државните институции и полициските сили, како и индустријата на онлајн-игрите на интернет, велат од службите на српската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top