По дебаклот на Интер на домашен терен од Калјари од 1-4 тренерот на „нероаѕзурите“ Валтер Мацари ја призна својата грешка.
Еден од главните виновници за срамниот пораз, според навивачите, е летното засилување со српскиот интернационалец Немања Видиќ.
Мацари ја призна грешката во врска со поранешниот репрезентативец на Србија и мисли дека 33-годишниот дефанзивец е истрошен и физички и психички.
– Можеби направив грешка што го пуштив Видиќ да игра премногу. Ја преземам одговорноста за тоа. Постојат играчи што не можат да одиграат три натпревари по ред во овој период од сезоната. Дали е прашање на физички или ментален замор? Јас би рекол и тоа и тоа – изјави Валтер Мацари по натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.