Министерството за надворешни работи на Австрија издаде предупредување поради зголемена опасност од терористички напади во светот.
– Моментно постои зголемена опасност од терористички напади во светот како и киднапирања, се вели во соопштението.
Граѓаните кои патуваат во странство треба да водат сметка за безбедноста и да се придржуваат до сите безбедносни мерки. Се укажува дека најверојатни цели на напад може да се седишта на влади, административни институции, сообраќајна инфраструктура, хотели, економски и туристички центри, пазари, верски објекти…
Министерството нагласува дека нападите може да бидат извршени со експлозиви или рачно оружје, но постои опасност и од киднапирања. Степенот на опасност од тероризам е различен од држава до држава, а зголемена опасност од напади постои особено во државите и регионите каде терористички организации веќе биле активни и каде терористите имаат поддршка од локалните жители. Министерството препорачува патниците пред и за време на патувањето да се информираат за состојбата во државата во која патуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Русија предупредува: Можни терористички напади во САД и Европа за време на празниците
-
САД предупредува: За Божик и Нова година терористички напади во Европа
-
Бројот на мртви не престанува да расте: Најмалку 50 убиени и 200 ранети во Лас Вегас (Фото – Видео)
-
Како да разговарате со вашите деца за терористичките напади?