| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на мртви не престанува да расте: Најмалку 50 убиени и 200 ранети во Лас Вегас (Фото – Видео)

Во терористичкиот напад во Медалеј Беј хотелот во Лас Вегас, бројот на жртвите и повредените е драстично поголем од тоа што се претпоставуваше. Откако најпрво излегоа со информации за 20 загинати, официјалните лица од полицијата и болниците од Лас Вегас до сега потврдиле за дури 50 убиени и 200 ранети лица, кои настрадале откако напаѓачите пукаа со автоматски пушки во публиката на кантри-концерт.

Полицијата соопштила дека 64-годишниот пензионер од Невада, Стивен Падок е уаспсен и идентификуван како еден од напаѓачите во Лас Вегас. Според сознанијата на полицијата, напаѓачот делувал сам, а од претходно и бил познат на полициајта и бил апсен заради злоставување на деца.

И американскиот претседател, Доналд Трамп им упатил сочуство на семејството на настраданите.

Во соопштение до јавноста, полицијата од Лас Вегас потврдила дека денешниот вооружен напад е најголемиот и најмасовниот во историјата на САД. Зад него е најблиску е пукањето во Орландо, каде настрадаа 49 луѓе.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top