Министерството за надворешни работи на Русија, предупреди на можност за терористички напади во големите европски и американски градови, за време на Нова година и Божик.
„Постои голема веројатност за терористички напади во Европа и САД во текот на новогодишните и божикните празници од 20 декември до 20 јануари, соопшти Министерството на Твитер.
Анис Амри, терорист со потекло од Тунис, влета со камион на Божикен саем во Берлин на 19 декември минатата година, убивајќи 12 лица. Терористичката група „Исламска држава“ презеде одговорност за нападот. Терористички напад се случи лани и за време на новогодишната ноќ во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.