| четврток, 6 декември 2018 |

Постои зголемена опасност од терористички напади во светот

Министерството за надворешни работи на Австрија издаде предупредување поради зголемена опасност од терористички напади во светот.

– Моментно постои зголемена опасност од терористички напади во светот како и киднапирања, се вели во соопштението.

Граѓаните кои патуваат во странство треба да водат сметка за безбедноста и да се придржуваат до сите безбедносни мерки. Се укажува дека најверојатни цели на напад  може да се седишта на влади, административни институции, сообраќајна инфраструктура, хотели, економски и туристички центри, пазари, верски објекти…

Министерството нагласува дека нападите може да бидат извршени со експлозиви или рачно оружје, но постои опасност и од киднапирања. Степенот на опасност од тероризам е различен од држава до држава, а зголемена опасност од напади постои особено во државите и регионите каде терористички организации веќе биле активни и каде терористите имаат поддршка од локалните жители. Министерството препорачува патниците пред и за време на патувањето да се информираат за состојбата во државата во која патуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top