Во северниот дел на Косовска Митровица околу еден часот по полноќ се случила нова експлозија во која нема повредени, но причинета е материјална штета, јави „Танјуг“.
Експлозивната направа била поставена пред мотелот „Бел двор“ во северниот дел на Косовска Митровица, спроти Ректоратот на приштинскиот универзитет во Косовска Митровица.
Од силната експлозија се искршени стаклата на мотелот и на блиските станбени згради.
Припадници на косовската полиција го изолираа местото на детонацијата, каде што во текот на денот ќе биде извршен увид на специјални екипи.
На местото се и војници на КФОР и полицајци на ЕУЛЕКС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.